Владата го скрои Предлог-буџетот за 2013 година кои ќе изнесува 2,7 милијарди евра. Според проектираното вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, додека вкупните расходи на ниво од 165 милијарди 652 милиони денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а прогнозата за растот на БДП е 2 отсто. Се очекува инфлација од 3,5 отсто и бруто-инвестиции од 6 отсто, додека девизните резерви ќе останат на високо ниво, а девизниот курс ќе биде стабилен. За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро-зоната, но македонската монетарната и фискалната политика ќе бидат во функција на одржување стабилно ниво на девизен курс, а со тоа и ценовна стабилност како крајна цел на монетарната политика.
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2013 година кои ќе изнесува 2,7 милијарди евра. Според проектираното вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, додека вкупните расходи на ниво од 165 милијарди 652 милиони денари.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), а прогнозата за растот на БДП е 2 отсто. Се очекува инфлација од 3,5 отсто и бруто-инвестиции од 6 отсто, додека девизните резерви ќе останат на високо ниво, а девизниот курс ќе биде стабилен.
За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро-зоната, но македонската монетарната и фискалната политика ќе бидат во функција на одржување стабилно ниво на девизен курс, а со тоа и ценовна стабилност како крајна цел на монетарната политика. Тој информираше дека Влада очекува забавено заздравување на европската и на македонската економија, а во 2013 година во рамките на буџетот се вклучува и порастот на инвестициите, пензиите, социјалните надоместоци и субвенциите за земјоделците.
- Бруто-инвестициите ќе остварат реална стапка на раст од околу 6 проценти, а умерен мал раст се очекува да има и личната потрошувачка од 1,5 проценти. Увозот и извозот во 2013 година ќе имаат приближно ист раст од околу 5,3 увозот, односно 5,7 проценти извозот. Умерен раст од 3,5 проценти се очекува да оствари и градежништвото, како и бавно заздравување на реалниот сектор при што реалната стапка на раст на индустриското производство е проектирно на 2,3 проценти - вели Ставрески и додава дека земјоделското производство ќе има приближно ист раст и услужниот сектор од 1,7 %.
Ќе продолжи и трендот на високо ниво на капитални расходи карактеристични за последните години, но за околу 10,4 проценти повисоко во однос на оваа година. Расходите за стоки и услуги се планирани на ниво од 17 милијарди 256 милиони денари, а предвидено е значително зголемување на здравствените програми. Кај социјалните трансфери, укажа Ставрески, предвидени е 5 процентно зголемување на пензиите, почнувајќи од март 2013 година, како и 5 проценти зголемување на социјалната помош почнувајќи од истиот период.
- Предвидени се и 135 милиони евра од буџетот за субвенции за земјоделците, во кои се вклучени и дополнителни средства за рурален развој - посочи Ставрески. Тој нагласи дека за енергетската област и комуналната инфраструктура предвидени се инвестиции во износ од 2 милијарди и 51 милион денари, при што ќе се интензивираат активностите околу гасоводниот систем, финансирање на изградба на канализациски и водоводни системи во повеќе општини.
Еден од приоритетите на Владата се и средствата од 413 милиони денари наменети за технолошко индустриските развојни зони,а во здравството се планирани инвестиции од околу 2 милијарди 164 милиони денари, кои главно се однесуваат за проектот за изградба и реконструкција на ЈЗУ.За образованието се наменети околу 1 милијарда и 909 милиони денари што ќе се искористат за детската заштита, спорт, како и за изградба на основни и средни училишта, детски градинки и училишни и спортски сали, реконструкција и изградба на студентски домови, опремување на универзитетите, набавка на современа лабораториска опрема и инвестиции во спортската инфраструктура.
Буџетскиот дефицит ќе биде финансиран од надворешно и домашно финансирање, при што ќе бидат искористени средствата од Светската банка,но и од деловни банки во висина од 220 до 250 милиони евра. Кај домашното финансирање, преку емисија на домашни обврзници, се очекува акцентот да биде ставен на подолгорочно емитување на обврзници на рок од 12 месеци, 3 години и 5 години.
За Ставрески токму ваквиот буџетски дефицит на краток рок ќе помогне македонската економија да се справи и да ја преброди европската криза, но и последиците од неа.
- Долгорочно гледано преку консолидација на буџетскиот дефицит Република Македонија ќе продолжи да одржува ниско ниво на јавен долг, што е една од карактеристиките на нашата земја. Ќе останеме на таа политика Македонија да биде меѓу најуспешните земји на одржување на ниско ниво на долгот - нагласи Ставрески.